fbpx
15.8 C
Skopje

Се огласи и пратеникот: Адеми со свој став за случајот на свадба во која беше погоден неговиот син

АКТУЕЛНО

Адеми сведочи дека дал изјава во полиција и му била земена парафинска ракавица.

– Точно е дека моето семејство и јас бевме дел од оваа семејна забава каде десетици луѓе на недоличен начин пукаа со огнено оружје, но не е воопшто вистина дека сум пукал и јас. Јас и моето семејство седевме на маса, а син ми седеше пред мене. Куршумот го погоди во грб. Ова покажува дека дури и јас да сум пукал, не е можно тој да биде ранет бидејќи мојот син седеше спроти мене, открива пратеникот.

Пратеникот на ДУИ, Џеват Адеми, по еден месец се огласи за инцидентот на свадба во Мала Речица и негираше дека бил дел од него, кога со огнено оружје неговиот син и уште едно друго лице беа ранети.

„Јас бев повикан во полиција и дадов изјава. Ми зедоа парафинска ракавица. Затоа ја охрабрувам, како полицијата, така и обвинителството да ја завршат својата работа и случајот да го истераат до крај. Никогаш не сум користел оружје на оваа семејна забава, па дури и остро ја осудувам употребата на оружје на вакви забави каде што честопати жртви се невини лица.“, вели Адеми за Алсат.

За овој инцидент десетици граѓани беа повикани во полиција за да сведочат, но сѐ уште нема конкретен епилог кој пукал.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -