Познатата ТВ-водителка Лила Филиповска откако пред неколку дена го „запали“ Инстаграм со фотографијата на која е облечена во проѕирен фустан од тантела под кој носеше танга, сега одлучила да се фотографира во уште попровокативно издание.
Лила овојпат легната на кревет без гаќи, го рекламира новиот парфем „Скандал“ на Жан Пол Готје.
„Ако е скандал“, напиша таа под фотографијата каде што доби и позитивни и негативни коментари. Нормално, повеќето беа крајно позитивни, поради одлуката на ваков потег и реклама, што не е својствено за Македонија.
Лила го чистеше изметот на животните во ЗОО
Македонската водителка Лила Филиповска на својот Инстаграм профил сподели видео на кое даде пример за сите граѓани како да се однесуваат кон животните во Зоолошката градина во Скопје. Таа ги предупреди сите дека со давање на секаква храна на животните може само да се наштети.
Исто така, истакна дека освен што се фотографира таа и помага во чистење на живеалиштата на животните. Видеото погледнете го ТУКА.