fbpx
7.8 C
Skopje

Жените упорно прават работи кои не се одобрени од гинеколог: Тоа може да ви наштети

АКТУЕЛНО

Сакаме да бидеме добри, несудени, перфектно прецизни и супер свесни за нашите интимни делови. Но, знаете што? Нашите лекари би сакале да се придржуваме и до некои правила.

Во продолжение ќе ви прикажеме 5 навики кои гинеколозите би сакале да престанат да ги правиме. Ако за време на односи чувствувате повеќе болку отколку убавина, треба да се обратите кај вашиот лекар, со цел да навремено да спречите некои проблеми кои подоцна би можеле да бидат крајно поголеми.

Одење на теретана во испотена облека

Зафатени сте, а веднаш мора да започнете со вечерата или брзате негде да завршите некоја работа, а претходно сте испотени. Одите на теретана и вежбата во испотена облека. Немојте да правите такви работи. Жените веднаш треба да ги променат алиштата и со тоа да избегнат несакани инфекции.

Претпоставка дека тешко менструално крварење е нормално

Без оглед на годините и возраста, доколку сте близу до менопауза треба да се прегледат и да дознаете дали е потребна промена на тампонот или улошка, истите да се менуваат на два часа и сето тоа со цел да се избегне инцидент. Просечен губиток на крв во текот на целиот менструален циклус би требало да изнесува околу 80 милилитри.

Носење танга

Тангата е одличен изговор за да не носите огромна и неудобна долна облека. Но, докторите советуваат дека со носење танга може да се истегне и помодри кожата, да предизвика иритација, а тангата не секогаш дозволува да има и добра венталација. Без цирклуација на воздух, може да дојде до лесен развој на бактерии.

Верувате се што ќе прочитате на интернет

Дали кога имате одредени симптоми, прво што правите е пребарување на интернет за нив? Бидете внимателни од каде гледате совети, бидејќи во денешно време секој доставува свои мислења. Најдобро е да се советувате од докажани портали, но препорачливо е секогаш да посетите лекар.

Сами лекувајте она што мислите дека е инфекција

Многу жени купуваат прозиводи против инфекција уште при прво чувство на вагинални промени или чешење. Но, тоа не секогаш е инфекција, па доколку користите апчиња без дозвола од лекар, може само да ја влошите ситуацијата.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -