23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

Каменуван е автобус на ЈСП – има повредени

На 28.08.2019 во 23.30 часот во СВР Скопје, И.Ј.(51) од с.Јурумлери, скопско, вработен како возач во ЈСП, пријавил дека автобусот со број 53 бил каменуван од непознато лице.

Додека управувал со него во с.Јурумлери на улица „1“. Поради кршење на стаклото во автобусот, на патничката У.Б (50) од с.Јурумлери, ѝ биле нанесени телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. Се превземаат мерки за расчистување на случајот.

Пред неполна недела густ чад се ширеше низ населбата Ѓорче Петров, каде се запали автобус на ЈСП, при што гореше целиот втор кат на возилото.

Станува збор автобус на линијата „број 5“ кој сообраќа на релација од Дексион кон Ново Лисиче.

поврзани објави

Последни објави