fbpx
24.8 C
Skopje

Да се наежиш: Љубов, лојалност и верност – нема подобри од нив

АКТУЕЛНО

Унион Берлин е клуб основан далечната 1906та Година во едно предградие на Берлин. Оттогаш неколку подеми, но повеќе падови. Никогаш дел од елитата се до Мај годинава кога за прв пат успеаа да се пробијат во Бундес Лигата.

Минатата недела го играа првиот официјален меч од Бундес Лигата на домашен терен. На стадионот кој според официјалниот сајт е изграден од самите навивачи со цел заштедување на миљони евра (2300 волонтери, сработиле вкупно 140 000 саати), присуствуваа само оние најсреќните кои први дојдоа до билети.

А тие, пред почетокот на натпреварот со емотивна песна извадија илјадници слики од луѓе кои се веќе починати и не успеале да бидат дел од овој момент, а силно го посакувале тој момент целиот свој живот. За секој од овие личности бил платен и дополнителен билет па така на стадионот на кој собира 22.402 гледачи, платени биле повеќе од 25 000 билети.

Е ова се вика љубов према клуб драги мои дерби-квази навивачи. Дури и по поразот од 4-0 20 минути после утакмицата, навивачите силно со песна дадоа поддршка до играчите.

П.С Еден совет до девојките кои имаат дечко, маж или партнер навивач. Чувајте го, затоа што тој најдобро знае што значи да се биде ЛОЈАЛЕН И ВЕРЕН и како страсно да се САКА!

Фејсбук статус на Приказни од Булеварот.

Унион Берлин е клуб основан далечната 1906та Година во едно предградие на Берлин. Оттогаш неколку подеми, но повеќе…

Posted by Приказни од булеварот on Thursday, August 29, 2019

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -