2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Доцна во ноќта, страотна вест ја потресе Барселона и нивниот поранешен тренер

Поранешниот тренер на Барселона и селектор на Шпанија, Луис Енрике, вечерва објави дека со сопругата ја загубија својата 9 годишна ќерка Хана.

Енрике се повлече од тренерската работа во јануари оваа година поради болест, а сега ја објави најболната вест од неговата фамилија.

Нивната ќерка Хана, се борела долг период со подлата болест Остеосарком, или рак на коските, ја загубила битката по неколку месеци.

Целиот спортски свет во Шпанија, но и пошироко веќе изразија сочуство за загубата на тренерот кој со Барселона освои повеќе трофеи.

поврзани објави

Последни објави