Медиумите во Шпанија првично ја објавија веста која го потресе фудбалскиот свет, а тоа е дека Луис Енрике, поранешниот тренер на Барселона ја загуби својата 9-годишна ќерка.
Тој се обрати на социјалните мрежи и упати порака, која има безброј споделувања и коментари со поддршка за Енрике и неговата сопруга, кои го загубија својот ангел.
-Нашата ќерка Хана почина денес на деветгодишна возраст, пет месеци се бореше против остеосарком. Им се заблагодарувам на сите кои ни пружија поддршка во тој период, но и на дискрецијата и разбирањето.
Се заблагодаруваме и на лицата во болницата на посветеноста и грижата, на сите лекари, медицински сестри и волонтери.
Многу ќе ни недостига, но ќе се сеќаваме секој ден со надеж дека некогаш во блиска иднина повторно ќе се сретнеме. Ти ќе бидеш ѕвезда која ќе ја води нашата фамилија низ животот.
Ханичка, почивај во мир.