fbpx
15.8 C
Skopje

Побиен најголемиот мит за целулитот (ФОТО)

АКТУЕЛНО

За разлика од многу инфлуенсери на Инстаграм, д-р Хејзел Валас знае да објасни што е целулитот и како настанува. Таа е лекар, личен тренер и нутриционист.

На нејзиниот профил на Инстаграм, неодамна објавила дека уверувањето дека целулитот по секоја цена треба да се отстрани- е мит.

Факт: 90% од жените со различна конструкција на телото имаат целулит. „Тоа не е патолошка состојба туку физиолошка, што значи дека е нормално“, напиша на фотографијата на која таа го покажува својот целулит.

Исто така, таа смета дека сите вежби, креми и суплементи кои наводно помагаат за целулитот се непотребни, за нив воопшто нема доказ дека се ефикасни.

-Разбирам дека на некои жени тоа им претставува проблем, но се надевам дека оваа објава ќе ги потсети дека: 1) сите го имаме, 2) дека е нормално, 3) повторувајте по мене: мојата физичка подготвеност не е пресудна за мојот изглед, напиша таа.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -