Кајла Чандар додека студирала почнала да работи како келнерка во два ресторана на Хаваите, но поради високите трошоци таа била принудена да го напушти факултетот.
Својата судбина таа ја споделила од една двојка од Австралија, кои потоа пријатно ја изненадиле.
– Тие ме прашаа од каде сум и јас им одговорив дека дојдов поради студирањето, но кога западнав во долгови не можев да продолжам со факултетот и затоа работам во два ресторани, раскажа келнерката.
Тие повеќе не се распрашувале, но таа била многу изненадена кога на нивната сметка од 200 евра видела дека и оставиле чек од 400 евра.
Кајла пронашла каде претстојува двојката и им однела цвеќе и благодарница, со цел да им се заблагодари за нивната добрина.