fbpx
8.8 C
Skopje

Симјановска сепак ќе биде дел од финалната трка во велеслалом

АКТУЕЛНО

Македонската натпреварувачка на Светското првенство во Сент Мориц, Лидија Симјановска, сепак ќе настапи во финалето на велеслалом. Таа квалификациите ги заврши на 46. место, со вкупно време од 2:24,96 минути.

Според правилата, најдобрите 25 во квалификациите имаат обезбедено место во финалната трка, а секоја земја ќе може да пријави по еден скијач најмногу кој успешно ги финиширал квалификациите.

Поради тоа, Симјановска ќе ја гледаме во финалето на велеслалом во Сент Мориц, кое ќе се одржи на 16. февруари. Првата трка е со почетоко од 10 часот, додека втората од 13:00.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -