После 15 години живеење во Европската унија, Словенија има 268.039 врски т.е приклучоци на канализационата мрежа, а пред влезот во Унијата имала 171.555. Скоро сто илјади повеќе по влезот во унијата. Можеби има призвук на иронија, но статистиката покажува дека по една деценија и пол искуство во Европската унија, Словенија денес е навистина подобро место за живеење.
Просечниот животен век на мажите од 73,48 пораснал на 78,05 а додека пак кај жените растот е нешто помал односно од 81,08 на 83,66. Бројот на деца во градинките се искачи од 54.815 на 86.703, или 61,4% на 80.4.
Бројот на стартапи е скоро двојно зголемен (што може да се припише на духот на времето), но вкупниот број на различни настани во културните институции кои се искачија од 12.400 на 22.183, секако не е само прашање на цивилизацискиот момент. Во исто време, присуството на културни настани исто така скокна од 2.683.404 на 4.358.382.
Словенците можат да се пофалат и со своето зеленило, кое од секогаш било препознатливо за нив, но сепак Љубљана во 2016 година се закити со наградата европски зелен град.
Поточно, Љубљана е наградена за имплементирање на урбани зелени мерки и импресивен сообраќаен концепт и мрежа.