Во Флорида медиумите пренесуваат урнебесна информација, во која 32-годишниот Брајан Денемостје се облекувал како секси домаќинка, заведувал мажи и ги носел дома, а сега би можел да биде осуден на 10 години затвор.
Од 150 мажи, колку што успеал да намами во кревет, барем 80 не биле свесни дека ги снима. Сите мажи на неговите снимки имаат превез преку очите или маски за нуркање. Снимките ги поставувал на својата страна „StraightBoyz.net“, која во меѓувреме е деактивирана. Меѓутоа, на разни порно страни може да се најде по некоја од снимките.
Брајан на Твитер објавувал фотограии на кои носи перика, високи потпетици, шминка и долна облека со леопардски принт.
Покрај тоа што ги објавувал овие видеа, истите ги продавал и на личности надвор од САД, за кои дополнително заработувал пари. Покрај овие проблеми, Брајан дополнително ќе биде даден на суд и поради секс со малолетник.