fbpx
15.8 C
Skopje

Некогаш немаше ниту за чорапи, а денес има милиони на контото: Јелена Карлеуша за првиот албум позајмила пари од колешка

АКТУЕЛНО

Ако некогаш немала пари ниту за две пијачки, денес името Јелена Карлеуша е добро познато на целиот Балкан и пошироко, а пејачката на своето конто има милиони.

Во една од изјавите за српските медиуми, популарната пејачка признава дека за својот прв албум ги немала потребните пари, па нејзината мајка морала да позајми од пејачката Драгана Мирковиќ.

Пред речиси 20 години кога ја започнував кариерата со неполни 16 години имаше тешка ситуација на Балканот, а јас во 1995 година го снимив првиот албум. Мајка ми позајми пари за тоа од Драгана Мирковиќ. И додека мајка ми се држеше за глава како ќе и вратиме 25.000 германски марки, јас немав пари ниту за чорапи.

На телевизиските појавувања кога глумев новата Мадона никој не знаеше дека носам позајмени фустани и стари хулахопки залепени со лак за нокти. Со години се мачев, но потоа станав позната и и ги вратив парите на Драгана, изјави Карлеуша за почетоците на својата кариера.

Јелена денеска е во блиски односи со пејачката и секогаш има само позитивни зборови за неа.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -