23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

Бил бездомник и влегол во хотел да се разлади на кратко, по што добил работа од соништата и животот целосно му се променил (Видео)

Бездомникот Мајкл Грин од Тексас добил работа од соништата, кога само сакал да се разлади и да се тргне од жештината.

Мајкл влегол во хотел за да се спаси накратко од жештината и влегол во холот на хотелот Ла Сала. За само неколку минути животот целосно му се сменил. Добил работа и покрив над главата со сместување во хотелот.

„Мајкл изгледаше како да бил најмалку две недели на плажа. Облечен во апостолки, со шорцеви и косата во опашка. Тој спонтано седна на пијаното и почна да свири, а ние бевме воодушевени и се прашувавме како да го убедиме овој човек да остане да свири на пијаното во холот”, вели Бил Ален, вработен во хотелот.

поврзани објави

Последни објави