Советникот за национална безбедност на САД, Мајкл Флин, поднесе оставка, откако беше откриено дека разговарал со рускиот амбасадор во САД, за санкциите кои администрацијата на Обама ги воведе за Москва.
Тој во својата оставка наведува дека случајно го брифирал новоизбраниот потпретседател Мајк пенс и други претставници преку некомплетна информација за неговите телефонски разговори со рускиот амбасадор.
По неговиот отказ, Трамп на негово место го назначи армискиот генерал Кит Келог, кој е во пензија.