Филмот во кој и едните и другите сакаат да ни се претстават како светци, ни стана секојдневие. Се држат пресконференции на кои и едните и другите се плукаат како во добрите стари времиња, во кои едните покажуваат колку гадна власт, а другите пак потсетуваат каква била опозицијата дури била на власт.
Едните полни со ветувања и критики за работи кои тие ги правеа цели 11 години, правење филм дека тие се загрижени за квалитето на животот на граѓаните, другите потсетувајќи дека сме заглавени до гуша токму поради грешките на нивните претходници. Тоа дечки, во кратки црти се денешните секојдневни активности на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, најголемите политички зла во државата. Две партии кои ја исциција државата, ги избркаа младите, го уништија здравството, образованието, не испокараа со цел свет, па дури и со најблиските, нашите соседи, од кои можеме да имаме само добрини. Жален е фактот за тоа во каква држава живееме. Држава во која обвинители и судии се во спрега со властите, држава во која граѓаните заработуваат мизерни плати со кои врзуваат крај со крај. Држава у која партиските полтрончиња секојдневно не убедуваат дека се правдољубиви и покрај тоа што образот им е ѓон и не вреди ниту пет пари.
Ете во таква држава ние живееме. Време е народот да им каже СТОП на овие партии, да стави КРАЈ на манипулациите и на секојдневните смешни пресчиња со кои сакаат да ни покажат колку тие се загрижени за нас и колку тоа макотрпно работат за да ни се подобри животот. Не другари, вие работите исклучиво за вашите џебови, за вашите партиски шефови и за пуста моќ и власт! Доста беше!!!
Пишува: М. Јовановски