5.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

(ВИДЕО) Навреда која не се памети во историјата на спортот – навивачот го доби заслуженото

Дерби пресметките во светот на спортот се секогаш примимливи, будат голем интерес кај навивачите, кои пак некогаш знаат да бидат крајно брутални и неодговорни – што може да претера до бескрај. Таков случај ни доаѓа од Шкотска.

На последната дерби пресметка помеѓу Ренџерс и Селтик, се случи можеби и најболната навреда која се памети во светот на фудбалот. Селтик победи со 0:2 и изби сам на лидерската позиција.

Капитен на тимот е Скот Браун кој настапува во дресот на „зелено-белите“ уште од 2007. година, а капитенската лента ја носи деветта година по ред. За тимот забележал преку 350 натпревари.

По победата на Селтик на гостувањето, еден од домашните навивачи го пречека Браун кај клупскиот автобус и му дофрли: „Како е сестра ти?“. Сестра му на скот Браун починала во 2008. година, кога имала само 21 година од рак на кожата.

На видеото добро се гледа како Браун целосно остана без збор откако ги слушна тие зборови, а веднаш реагираше и полицијата. Од тимот на Ренџерс информираа дека лицето ќе добие доживотна забрана за посета на нивниот стадион.

поврзани објави

Последни објави