23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

Им обезбедив на синот куќа, на ќерката стан, но си заминаа – со жената останавме сами

-Најтешко ми е кога доаѓаат празници, стојам на прозорецот и гледам во далечна замислен што ли прават моите деца во таа туѓина. Со овие зборови, шеесет и седум годишниот Ванчо од Сингелиќ, ја започна својата приказна.

-Синот иако има факултет работеше во кладилница, заедно со девојката решија да заминат во Германија, еве веќе пет години работат и живеат таму. А, овде стои празна куќа на три спрата. Додека ќерката заедно со зетот добија зелена карта за Америка. На нив пред да прават свадба им обезбедив стан во Аеродром, но ете не сакала судбината овде моите деца да живеат…

Тој цел живот работел, се мачел, градел, за да им обезбеди подобра иднина на своите деца, но тие тргнале по друг пат.

-Делев од себе за да имаат подбра иднида. Им обезбедив кров над глава, двајцата работеа и се мачеа. Со жената останавме сами, во толкава куќа. Најтешко ни е кога доаѓаат празниците, сами сме во тага. Куќата празна, без радост и смеа, раскажува Ванчо.

Овие двајца пензионери иако биле повикани да заминат во Америка кај ќерката решиле тука сами да продолжат надевајќи се дека еден ден децата ќе им се вратат.

„Ниту едно внуче не гледам, во дворот нема кој да игра! Тоа ме боли! Не им се лутам што заминале. Знам дека тука е лошо, таму имаат далеку подобри услови за живот. Синот доаѓа 3 пати во годината, додека ќерката за овие 10 години има дојдено само еднаш, вели Ванчо.

Извор: Скопјеинфо

поврзани објави

Последни објави