16.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Тажна слика од Делчево: Над 10 автобуси во еден ден заминаа за Италија (Видео)

Порталот „Инфомакс“ го посети градот Делчево кој се наоѓа на 10 километри од македонско-бугарската граница. Новинарот од порталот разговараше со жителите кои заминуваат на печалба во странство. Како што информираат тие, во само еден ден од Делчево заминале цели 12 автобуси.

Нема ниту стари веќе, а камоли млади. 12 автобуси денеска ќе одат по 60 луѓе. Оваа компанија и уште плус две има по 3 автобуси, нека пресметаат колку луѓе си заминуваат надвор од Македонија. Животот дојде само за нив, не и за нас. Тука нема парче леб, одиме за парче леб. И едните и другите ветуваат дека ќе дојде подобро, но никако да дојде. Еве вие како млад човек дали ќе можете да живеете со 200 евра, го праша жител по новинарот на Инфомакс. Притоа тој напоменува дека многу мал процент од неговата генерација се овдеи и дека повеќето се иселени во Германија, Италија и Швајцарија.

Она што е заедничко во изјавите на жителите е дека иселувањето за жал ќе продолжи. Погледнете ја репортажата на Инфомакс во продолжение.

Егзодус во Делчево

Во еден ден 12 автобуси полни со луѓе заминаа за Италија на привремена работа.

Posted by infomax.mk on Wednesday, September 4, 2019

поврзани објави

Последни објави