fbpx
15.8 C
Skopje

ВИДЕО: Жена дома згрижила 97 кучиња за да ги заштити од „Доријан“

АКТУЕЛНО

Жителка на Бахамите доби светска популарност, откако во својот дом згрижила 97 кучиња скитници за да ги заштити од ураганот „Доријан“. На објавените фотографии и снимки се гледа како напуштените кучиња трчаат низ домот на Филипс.

Деведесет и седум кучиња се во мојата куќа, а 79 од нив во мојата спална соба. Беше лудо синоќа, измет насекаде, но барем го почитуваат мојот кревет и ниту едно не скокна на него – напиша Чела Филипс на социјалните мрежи.

Таа додаде и дека жали што на други места кучињата бездомници немале каде да се засолнат. Таа како што вели дури им пуштила и музика, а ја вклучила и климата.

Ловец на урагани со авион влета во центарот на Доријан: Вака изгледа „окото“ на бурата што ја пустоши Америка

Пилот на авион на американската Национална океанска и атмосферска администрација (НОАА), влета во „окото“ на ураганот Доријан кој е од петта категорија.

На видео снимката направена од пилотската кабина се гледак како изгледа тоа возење и како „Ловецот на урагани“ успеа да се пробие низ влажниот и опасен вител и да дојде во центарот каде е мирно.

Како што се наведува, тој таа акција ја извел со авионот Локхид ВП-3Д Орион кого нагалено го викаат „Кермит“, според ликот на жабецот од популарната серија Мапет шоу.

На снимката се гледа како пилотксата кабина е украсена со маскотата Кермит.

Flight through eye of Category 5 Hurricane Dorian

INSIDE THE EYE OF HURRICANE DORIAN – #NOAA42 "Kermit" flies through Category 5 Hurricane #Dorian during the 09/01/19 morning mission (credit: Ian Sears, NOAA). Latest forecasts and advisories at hurricanes.gov, preparation tips at ready.gov #FlyNOAA

Posted by The NOAA Hurricane Hunters on Sunday, September 1, 2019

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -