Гости и вработените во хотел во Монтана во САД биле прилично шокирани кога откриле кој се крие во женскиот тоалет.
Во лавабото лежело младо мече кое изгледало како да е вчудоневидено од просторијата во која се наоѓало.
„Црно мече го нашло патот од прозорот до женскиот тоалет“, соопштиле од хотелот.
Тие се заблагодариле на шерифот и вработените во одделот за дивина, бидејќи се згрижиле за гостите, истовремено овозможувајќи им искуство кое се случува еднаш во животот.
„Беа професионални и сите не научија нешто за природата“, додале тие.
Спасувачите морале да го успијат мечето, па на крајот го изнеле од хотелот и го пуштиле во дивината.