11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Уапсени над 500 лица во Турција

Во Турција полицијата уапсила 544 лица, кои директно се поврзани со Курдската Работничка партија (ПКК), за повеќе различни операции на територијата на оваа земја.

Како што се наведува во извештајот од турската полиција, токму ПКК била означена како терористичка група од страна на САД и ЕУ, па оваа акција е повеќе од очекувана.

Помеѓу уапсените лица, има и постари членови на ПКК, кои моментално биле неактивни. Операцијата истовремено била извршена на 25 локации, меѓу кои се наоѓаат и Измир и Истанбул.

Курдската работничка партија повеќе децении се обидува да се избори за автономија на југоистокот од земјата.

поврзани објави

Последни објави