4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Изгоре автомобил на познат велешки бизнисмен, пожарот бил подметнат!?

Во текот на изминатата ноќ, пред угостителски објект се запалил автомобил кој комплетно изгорел, а се претпоставува дека несреќата е предизвикана од човечки фактор. Автомобилот според информациите бил во сопственост на познат велешки бизнисмен.

До пожарот дошло околу 03.20 часот во Велес на ул. „Лазо Смаков“, пред угостителски објект, а настрадало ПМВ „Пасат“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на Г.Л.. Возилото целосно изгорело, а со пожарот  било зафатено и ПМВ „Опел“ со велешки регистарски ознаки , сопственост на А.М., кое било опожарено во задниот дел.

Пожарот е изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита Велес, а увид ќе се врши во текот на 14.02.2107 година. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

поврзани објави

Последни објави