fbpx
11.8 C
Skopje

Прекината серијата од осум домашни победи на Карпош Соколи

АКТУЕЛНО

Тимот на Карпош Соколи не успеа да ја продолжи серијата од осум домашни победи во регионалната АБА лига, откако во СЦ „Борис Трајковски“ улогата на фаворит ја оправда актуелниот шампион Црвена Звезда, остварувајќи убедлива победа од 61:98.

Момците на Николиќ достоинствено се држеа во првите десет минути, кои ги добија и со минимални 24:23. Сепак, во вториот период Звезда заигра подобро во одбраната и на полувреме имаше предност од 37:49.

Продолжи убедливата игра на евролигашот и во вториот дел, каде само потврди дека моментално е најквалитетен тим во лигата и сосема оправдано главен фаворит за освојување на титулата.

Најрасположен за игра во македонскиот табор беше Лабовиќ со 20 поени и 6 скокови, Трајковски имаше 18 поени и 8 скокови. Кај победниците најефикасен беше Митровиќ со 15 поени, Кузмиќ имаше 14, додека Симоновиќ средбата ја заврши со 13 поени.

Ова беше 22. победа за лидерот Црвена Звезда, која има само еден пораз, додека Карпош Соколи се наоѓа на 9. позиција со 9 победи и 14 порази.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -