Пропадна закажаната средба помеѓу Али Ахмети и Зијадин Села, која беше најавена во текот на денот, па состанок ќе остварат нивните заменици.
На состанокот од страна на Алијанса на Албанците на состанокот пристигнаа Таравари, Ферати, Точи и Беџети, додека од ДУИ учество земаа Меџети, Арифи и Бејта.
Од политичката партија на БЕСА пак уште порано информираа дека немаат добиено ниту покана за средба со ДУИ, но и доколку тоа се случи, истата ќе ја одбијат.