5.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

И така може: Ручек во Охрид или Солун – од таму со авиотакси на кафе во Штип (Видео)

Во Штип и регионот веќе функционира првото Авио такси. Веќе достапната услуга за сите заинтерсирани ја изведуват професионални пилоти од кои , како на пример Раде Илиевски, со над 12 000 часови летање. Огромното искуство тој го дели со неговите синови исто така одлични пилоти но на услуга се става на бизнис секторт, туризмот но и на љубопитните, пренесува регионалната телевизија Стар.

Има ли можност оваа бизнис услуга доволно да се развие и кај нас?

Кај нас постои можност и има потреба од такво нешто , претежно за оние дестинации кои не се достапни. На пример Атина, Подгорица, Белград“ изјави Раде Иваносвки- пилот

Иако причини и случаи за интерес има, сепак, колку чини час летање и колку тоа е исплатливо за сите што сакаат приватни летови?

Морам да кажам дека тие што сакаат да патуваат со авион не размислуваат колку пари ќе чини тоа. На некои луѓе и значи времето на некои удобноста. Сакаат да експериментират“ изјави Раде Илиевски- пилот

И покрај директно избегнатиот одговор за цената на летање, на пример, низ Македонија, сепак дознаваме дека тоа е исплатливо зашто се повеќе интерес има за оние кои заминуваат во Охрид или Солун на ручек а оттаму кафето го порачуваат во Штип.

Во продолжение погледнете го прилогот на ТВ Стар:

поврзани објави

Последни објави