Сите ние имаме навика, понекогаш да погледнеме во нашите галерии кои ги имаме направено и да се потсетиме на убави моменти од минатото.
Таков момент на слабост имала и нашата пејачка Елена Ристеска, која тој момент се одлучи да го сподели и со нејзините фанови на социјалните мрежи. Истиот е поврзан со нејзиниот колега Влатко Илиевски, кој прерано не напушти.
-Ете така ќе си најдеш слика од времето сосема случајно и ќе те погоди како нож во гради кога ќе здогледаш кој е на сликата.Толку убав, толку млад,толку талентиран и оригинален.. и си викаш, до кога ќе губиме време на социјалниве мрежи да исправаме криви Дрини, кој-што рекол и направил, кој-каков бил.. До кога? До каде?Има ли крај?Од денес нов лист на книгава наречена-живот! #влатчеилиевски #влатчетесакаме #незаборав, напиша Елена.
Од време на време, веројатно сите имаме навика да пуштиме музика од Влатко и да уживаме, навистина недостига!
Ете така ќе си најдеш слика од времето сосема случајно и ќе те погоди како нож во гради кога ќе здогледаш кој е на…
Posted by Elena Risteska on Thursday, September 5, 2019