Џеси Џеј вежба со Соња Морес, експерт за боречки вештини, која со помош на програма за вежби, ја подготвува пејачката за нејзината турнеја, пишува Точка.
„Носам бело за да изгледам малку потемно“, напишала покрај фотографија.
Се гледа дека напорно работела во теретана, за да покаже извајани стомачни мускули.
Пејачката стриктно се држи до суперздрава веганска исхрана, која подразбира да не јаде месо, а специјално е прилагодена за жени кои сакаат да останата бремени.
„Отсекогаш бев отворена и искрена. Пред четири ипол години дијагностицирана ми е болест која сè ми искомплицира. Ми беше кажано дека нема да можам да имам деца, но јас не верувам во тоа. Јас верувам во чуда. Не се откажав“, рекла Џеси.
Извор: Точка