13.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Требаше да ни ги чува децата – го заведе мојот сопруг: Вистинита и болна приказна

Татко ја остави својата сопруга и двете деца поради 15 години помладата дадилка која живеела во нивната куќа. Изневерената жена и неверниот маж одлучиле јавно да проговорат за тоа.
Прочитајте ги двете приказни:

Абигел Марфи е проектна координаторка и мајка на две деца, а за ова таа раскажува за британски Daily Mail:

„Откако сум во брак, прв пат се разбудив во празен кревет. Почнав да се тресам. Чувствував голема тага, а потоа лутина и бес. Неколку денови претходно сопругот ме остави поради друга жена, и тоа не било која, туку жената која 15 месеци работеше за нас како дадилка, а има само 23 години.

Што е најлошо во тој момент тој беше со неа во собата наспроти нашата. Иако Бен веќе подолго време се однесува сомнително, ни во најлуд сон не би помислила дека ќе направи вакво нешто. Се познаваме од млади а кога се венчавме добивме две деца, па одлучивме да ангажираме дадилка бидејќи и двајцата сме многу зафатени со работа. Тогаш на оглас ни се јави 21-годишната Ана и изгледаше симпатично. Ја викнавме да живее со нас во куќата за да може потполно да се посвети на децата. Не беше толку атрактивна за да ја оставам со сопругот.

Прв пат забележав привлечност меѓу нив за време на излег на кој се чувствував како вишок. Веќе следното утро моите стравови се потврдија – сопругот одлучи да се разведе и тоа преку најобична СМС порака во која пишувало ’Не те сакам повеќе, а се плашам дека ни ти мене. Најдобро е мирно да се разведиме’. Потоа Ана ми призна дека помеѓу нив нешто се случува“, раскажа Абигел и додаде дека е добро што се разделиле.

Еве ја и приказната на Бен:

„Моите чувства за Ана се се само не површни. И тоа не го направив лесно. Нашиот брак веќе некое време се распаѓаше, така да мојата љубов кон дадилката само го забрза целиот процес.

Не се чувствувам виновен поради разводот бидејќи свесно побарав авантура. Се грижев како ќе се чувствуваат децата – најмалку гледав на себе. Аби и после се се однесуваше цивилизирано и великодушно, а можеше да реагира на секаков начин.

Вистина е дека сопругата долго време ја освујував и дека нејзините чувства никогаш не биле толку силни како моите. Понекогаш е фрустрирачки, и откако се омажи за мене, како да не беше потполно посветена на мане. Тоа го забележував за време на сексот. Нашата поврзаност беше повеќе пријателска отколку љубовна“, раскажува Бен и додаде дека еден ден одлучил да и признае на дадилката дека е вљубен во неа, па во една прилика останале сами во куќата и двајцата признале дека чувствуваат меѓусебна љубов.

поврзани објави

Последни објави