fbpx
7.8 C
Skopje

Заев и Мицкоски утре ќе ја решаваат иднината на СЈО

АКТУЕЛНО

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски утре во Собранието на Република Северна Македонија на лидерска средба ќе се обидат да најдат заеднички јазик за Законот за јавно обвинителство, со кој се решава и судбината на Специјалното јавно обвинителство.

Лидерската средба, како што потврдија за МИА владини извори, ќе почне во 20 часот и ќе се одржи во формат еден плус четири.

Во фокусот на лидерската ќе биде Законот за јавно обвинителство, но Мицкоски синоќа во интервју за Алфа најави дека ќе ја отвори и темата за предвремени парламентарни избори. Од Владата за МИА велат дека главна тема е Законот, а за тоа дали ќе се разговара за предвремени ќе се види на лице место.

Од ВМРО -ДПМНЕ за МИА го потврдија одржувањето на лидерската, но нагласија дека освен за Законот за јавно обвинителство, тема ќе бидат и предвремените избори. Од партијата велат дека темата предвремени избори биле услов за одржување на лидерската.

Заев вчера во пораката за Денот на независноста меѓу другото изрази и увереност дека земјата има капацитет со двотретинско мнозинство да го донесе и Законот за јавно обвинителство.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -