fbpx
21.8 C
Skopje

Академија на светските конзервативци: Нови стратегии во центар-десно спектарот

АКТУЕЛНО

Од 5ти до 8ми Септември, во Мадеира, се одржа академија на светските и европски конзервативци. Делегација од Македонија учествуваше на неколку дневни обуки за иновации во политичките кампањи, ПР и нови стратегии во центар-десно спектрумот.

Акцент беше ставен на микротаргетирање преку теренски кампањи но и социјални мрежи како и полиња на фокус за успешна центар-десно политичка кампања. Дел од предавачите беа екс шефот на кампања и кабинет на американскиот сентор Тед Круз, г- дин Рон Нехрин. Рон е моментален директор за интернационални обуки на Leadership Institute. Исто така, дел од академијата беа и главните стратези на британските конзервативци и мозокот на најдобрата досега дигитална кампања, VOTE LEAVE.

Европски лидери како холандската ѕвезда Тери Боде, европратеници и учесници од европските конзервативци но и дел од другите десни и центар-десни групации (ЕПП), беа исто така дел од оваа академија.

Foto

Учесници од Македонија беа Стефан Василевски, Драган Јованов, Александар Богоевски и Тони Бачваровски – дел од македонските конзервативци (Conservative.mk).

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -