fbpx
7.8 C
Skopje

Животот на 84. годишниот Новак, единствениот жител на „градот на духовите“ во Аргентина: 5000 луѓе побегнале, тој останал сам

АКТУЕЛНО

Аргентинското турстичко место Епикуен доживеало катастрофа во 1985. година, после поплава. Жителите се иселиле, а градот останал пуст и срушен, а 24 години после катастрофата, Пабло Новак решил да се врати во родното место.

Аргентинскиот град Епикуен основан на 1920. година, а се наоѓа на 500 километри северно од Буенос Ариес и е сместен покрај езерото Лаго Епекуен. Во градчето некогаш имало 5.000 жители, а денес таму живее само Пабло Новак кој исто така заминал од градот, но во 2009 година кога водата се повлекла, решил да го послуша своето срце и да се врати во родното место.

По улиците на Епикуен може да се слушне само шкрипањето од старото седло на велосипедот кој е во сопственот на Новак.

Сцените на уништени и оштетени дрвја, ‘рѓосани остатоци и напади од комарци ја прават атмосферата на ова место крајно непријатна. Сепак, Новак воопшто не се плаши од осаменост.

– Поминав доста време во потрага по 20 годишно шише виски. Го најдов и го испив сам. Што се однесува до моите добри стари вина што беа тука, од нив не остана ништо друго – рече во една прилика Новак.

Новак имал 60 години кога на 10 ноември 1985 г. пукнала брана на езерото и водата постепено продирала, за да на крајот го потоне и одморалиштето Епикуен, во кое време имаше население од 5.000.

Во моментите кога беше неизбежно градот да биде поплавен, луѓето брзо се евакуираа и ги напуштаа своите домови. Некои селани седеа на покривите на нивните куќи со надеж дека водата ќе се повлече, но тоа не се случи.

Новак се врати во Епикуен 24 години подоцна, иако местото сè уште беше делумно поплавено. Се населил во напуштена куќа со градина, почнал да одгледува крави, овци и живина.

Неговиот внук Кристијан секој ден го посетува неговиот дедо и дава помош. Тој претежно му ги носи потребните намирници за живеење и храна за добитокот што тој го поседува.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -