fbpx
10.8 C
Skopje

Се менуваат границите за пензија – жените на 59, мажите на 61?

АКТУЕЛНО

Според најновите предвидувања за измени на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, многу веројатно е дека жените ќе одат во пензија на 59, а мажите на 61 година.

Главен иницијатор на ваквата промена е синдикатот и бизнис-заедницата, но истата се уште не е официјална. Трошокот за надоместок што ќе го добиваат три години додека да добијат статус на пензионери, би бил товар на работодавците.

Нормално, поради ова и се уште не е официјална оваа одлука, затоа што се врши пресметка колку голем товар би изнесувал надоместокот кој ќе мора да го платат работодавците.

Од Организацијата на работодавци информираа дека предметите се предадени до ПИОМ, но повеќе информации околу сето тоа треба да даде Министерството за труд и социјална политика.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -