3.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

Русија му порача на Трамп: Крим е наша земја

Портпаролката на Руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова на прес конференција истакна дека Крим е дел од Русија и никогаш нема да и биде вратен на Украина.

„Ние немаме намера да враќаме дел од ншата територија. Крим и припаѓа на Русија. Така ќе биде и во иднина“, изјави Захарова.

Ваквиот одговор од руска страна доаѓа, откако претходно портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер во изјава потврди дека претседателот на САД, Доналд Трамп очекува Крим да и биде вратен на Украина, што би придонело за уште подобри односи со Москва.

„Крим е дел од Украина. Санкциите од наша страна ќе продолжат, се додека Русија не и го врати Крим на Украина“, изјави Ники Хејли, амбасадор на САД во ОН.

поврзани објави

Последни објави