Јужниот сосед Грција ја разгледува можноста за напуштање од еврозоната и прифаќање на американскиот долар, изјави денес американскиот професор Тед Малох.
Британскиот медиум „Индипендент“ потсети дека Малох е еден од најголемите фаворити за нов амерички амбасадор во Европската Унија.
„Познавам неколку грчки економисти кои отидоа во американските истражувачки организации да разговараат на оваа тема и да прашаат за доларизација. Таквата одлука, секако ќе ги преплаши Германците, затоа што тие не сакаат ни да служнат за таква идеја“, изјави Малох.
Според него, „Грегзит“ ќе биде најдобрата опција за Грција, затоа што моменталната ситуација во државата е неиздржлива.