13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Алити: ВМРО-ДПМНЕ испратија писмен документ, прифаќаат се, освен продолжување на мандатот на СЈО!

ДУИ добиле писмен документ и од ВМРО-ДПМНЕ, како што добиле и од СДСМ за време на преговарачкиот процес и тој бил прочитан пред централното претседателство на партијата, изјави за Телма, Рафиз Алити.

Алити објаснува дека ВМРО-ДПМНЕ ги прифатиле сите барања од платформата на албанските политички партии освен со продолжување на мандатот на Специјалното обвинителство, што, вели тој, било главна пречка двете партии да не можат да се договорат за владина коалиција.

Што се содржи во писмениот документ на Заев и каква одлука ќе донесе централното претседателство на ДУИ најверојатно ќе се знае во текот на наредните неколку денови.

поврзани објави

Последни објави