13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Јанева е новиот Петре Шилегов

ВМРО-ДПМНЕ, денес со соопштение до јавноста, реагираше за изјавата на специјалната обвинителка Катица Јанева, нарекувајќи ја најверен поданик на Зоран Заев и СДСМ.

„Катица Јанева е новиот Петре Шилегов. Со последната скандалозна изјава дадена во ЕУ-Инфоцентарот во Скопје се промовираше во најверен поданик на аболицираниот криминалец Зоран Заев, кој лаже и клевети, давајќи политички изјави и квалификации.

Катица Јанева е срам за правната фела. Веќе нема дилеми дека таа не работи по закон, непристрасно и професионално. Катица Јанева е продолжена рака на СДСМ. Катица Јанева нема никаков професионален интегритет и кредибилитет. Затоа поддршката што ја има не оди подалеку од Бихаќка и од штабовите на СДСМ.

Ако Катица Јанева навистина гонеше криминал, нејзиниот наредбодател Зоран Заев одамна ќе беше во затвор.

Катица Јанева има нарачка и цел да го оцрни и ослаби ВМРО ДПМНЕ, како партија која секогаш застанувала на браникот на државните и национални интереси. Истата цел ја имале многумина пред неа и не успеале. Нема да успее ниту Катица Јанева“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

поврзани објави

Последни објави