13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

ЕФА: Бугарските пратеници преку Албанија се обидуваат да протуркаат агенда за непостоење на македонскиот народ

Денес во Европскиот парламент беше усвоена Резолуција за Албанија, а членот 24 од истата таа резолуција беше усвоен по иницијатива на бугарските европратеници Андреј Ковачев и Ангел Џамбаски, во кој се вели дека албанските партии мора да ги штитат правата на бугарското население во Преспа, Голо Брдо и Гора.

Против исиот тој член, гласаа европратениците на ЕФА и на зелените, а во својата забелешка напишаа дека ЕФА сака да ги подвлече сомнителните и прикриени тактики на Бугарија и на нејзините пратеници.

„Имено, во членот 24 на албанските власти им се препорачува да обезбедат заштита на правата на лицата со бугарска народност во Преспа, Голо Брдо и Гора. Единственoто малцинство што во моментов живее во тие области е македонското малцинство, кое официјално е признато во Преспа, но не и во Голо Брдо, а Гора е дом и на муслиманската заедница Горани. Во секој случај, досега никој, ниту една меѓународна организација, група за човекови права на малцинствата, локална организација, не го покренал прашањето за правата на некое „бугарско малцинство“, едноставно затоа што такво малцинство постои само во главите на бугарските официјални претставници во Софија и, очигледно, исто така, во Европскиот парламент.

Она што сигурно постои, тоа е уште еден обид на Бугарија да ја протурка својата агенда на „непостоење“ на македонската нација и да ги крсти Македонците и другите словенски популации што живеат во Албанија како „Бугари“. Сите сме свесни за резултатите на Бугарија во заштитата на малцинствата, особено кога станува збор за македонското малцинство во Бугарија, за ромското и за турското малцинство. Многу е лицемерно Бугарија да подучува други земји во врска со тоа“, стои во извештајот на европратениците на ЕФА.

Европската слободна алијанса е асоцијација на сите малцински партии во Европа и е претставник во Европскиот парламент.

поврзани објави

Последни објави