6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Подгответе вкусен појадок: Питулици со кашкавал и сланина

Добро познатите питулици на малку поинаков начин. Вака подготвени со вкусен кашкавал и крцкава сланина ќе им отворат апетит и на оние што не се гладни. Откако ќе ги пробаат сите ќе бараат репете.

За овие питулици ќе ви бидат потребни следниве состојки:

  • 200 г брашно
  • 100 г интегранлно пченично брашно
  • 200 мл вода
  • 1 лажичка  сол
  • малку  шекер
  • 15 г  свеж квасец
  • 150 г сланина (тенко сечена)
  • 200 г кашкавал Ајдамер Здравје Радово
  • малку  масло за готвење

А еве и инструкции како да приготвите:

1.Помешајте го брашното и пченичното брашно. Додадете вода , сол, шеќер и квасец. Месете се додека не добиете мазно тесто. Оставете го да остои 15 до 20 минути.

2.Малку стасаното тесто поделете го на 16 топчиња. По желба можете да направите уште помали топчиња.

3.Секое топче со раце сплескајте го.

4.Врз секое сплескано топче ставете коцка кашкавал ајдамер и затворете го.

5.Секое топче наполнето со кашкавал завиткајте го со парче сланина. Боцнете го со чепкалка за да не се распадне.

6.На загреано масло за готвење, пржете ги питулиците, внимавајќи да бидат добро испржени од сите страни.

7. Питулиците оставете ги на кујнска хартија да ја впијат вишокот маснотијата и сервирајте ги топли. Добар апетит.

 

 

поврзани објави

Последни објави