13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

ВИДЕО: Реал убедлив против Наполи, Баерн броеше до пет

Тимот на Баерн Минхен со убедлива победа на домашен терен од 5:1 против Арсенал, речиси го обезбеди четвртфиналето од најелитното фудбалско натпреварување, Лигата на шампиони.

Баварците успеаја да стигна до брз погодок откако Аријен Робен во 11. минута со феноменален удар го совлада голманот на Арсенал, Давид Оспина. Арсенал не се предаде па веќе во 30. минута го изедначи резултатот на 1:1 од пенал. Алексис Санчез ја презеде одговорноста за исполнување на ударот од белата точка, Нојер се најде на вистинското место па успеа да го скроти ударот, но Санчез ја покажа својата вештина и успешно ја искористи одбиената топка и ја смести зад грбот на баварскиот голман.

Во второто полувреме, Баерн во 53. минута преку Левандовски, само го најави крајот на Арсенал, а тоа го потврдија Алкантара со два погодоци, и Милер во самиот крај за конечни 5:1.

https://youtu.be/A4TWEw9Zsck

Интересен и возбудлив натпревар се играше и меѓу Реал Мадрид и Наполи во Шпанија, иако „кралевите“ на крајот славеа со резултат од 3:1.

Наполи по огромната грешка на голманот на Реал, Кејлор Навас, во 8. минута го отвори натпреварот, а стрелец на голот беше Лоренцо Инсиње.

„Кралевите“ за само 10 минути игра успеаја да го изедначат резултатот, откако Бензема по асистенција на Карвахал успеа да го совлада Рејна на голот на Наполи, со што го постави резултатот за полувреме (1:1).

На самиот старт Крос тотално го сврте резултатот во полза на Реал Мадрид, погодувајќи за 2:1, а неколку минути подоцна поточно во 54. Касемеиро стави точка на овој натпревар и ги постави конечните 3:1.

https://www.youtube.com/watch?v=CrJCbXZyq3g

поврзани објави

Последни објави