11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Србов: Паничен обид на соросовите НВО да го затскријат нивното незаконско, пристрасно и партиско работење

Еден од основачите на иницијативата „Стоп Операција Сорос“, Никола Србов, вели дека реакцијата упатена кон движењето „Стоп Операција Сорос“ од страна на невладините организации кои се финансирани од Сорос, која се должи на наводни клевети за нивната поврзаност со политичката партија СДСМ, е само паничен обид да се затскрие нивното незаконско, пристрасно и партиско работење.

Тој потсетува дека Стево Пендаровски одржал прес конференција на која објавил дека СДСМ со 70 невладини организации, помеѓу кои се наоѓаат сите невладини организации кои беа посочени од страна на С.О.С. за нивна поврзаност со СДСМ, влегува во коалиција под името „Граѓаните за Македонија“.

„За најавениот протест на СДСМ заедно со невладините на Сорос кој се одржа на 17 мај 2015 година, Марјан Забрчанец од Младински образовен форум изјави „Нашата заедничка акција која ќе започне со масовен гласен и ненасилен граѓански протест ќе започне на 17 мај 2015 година, пред Владата на РМ и ќе трае до дефинитивниот пад на власта“. *Објавено на 14 мај 2015 година на веб порталот „Плусинфо“. Истите овие граѓански организации кои се финансираат од Сорос, а се закануваат на секој кој ќе постави јавно прашање за нивното работење, учествуваа и во т.н. „Камп на слободата“ организиран од страна на СДСМ пред Владата на Република Македонија“, вели Србов.

поврзани објави

Последни објави