13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Форд ќе инвестира 1 милијарда долари во вештачка интелигенција

Познатиот производител на автомобили Форд, купи голем дел од акциите на компанијата за вештачка интелегенција Argo AI од Питсбург.

Компанијата купи голем дел од акциите на истата компанија, која беше формирана во Питсбург од ветераните на Google и Uber, Брајан Салески и Петер Рандер. Стартапот работи на развивање на нова софтверска платформа за целосно автономните возила на Ford кои се очекува да влезат во продажба во 2021 година.

Извршниот директор на Argo AI, Брајан Салески, претходно работел како директор на одделот за развивање на хардвер за автономните возила на Googlе. Петер Рандер пак го водел инженерскиот тим на Uber.

Од Ford велат дека оваа инвестиција ги зголемува шансите за пласирање на автономни возила на пазарот во најскоро време. Тимот од Argo AI првично ќе се фокусира на развој на автономните возила, а во иднина планираат да лиценцираат други компании за оваа технологија.

поврзани објави

Последни објави