Македонските алпски скијачи денеска ја имаа премиерата на светското скијачко првенство во швајцарски Сент Мориц.
Најдобриот македонски скијач Антонио Ристовски го освои 61. место со резултат 1:04.93, но овој резултате е и помалку разочарувачки бидејќи неуспеа да се пласира во првите пеесетмина кој ќе настапат во главната трка.
Вториот претставник Маријан Нашоку со време 1:10.69 го освои 83. место, а додека Лука Божиновски и Виктор Петров не ја завршија првата трка.
Единствената македонска претставничка Лидија Симјановска остана без резултат бидејќи беше дискфалификувана од страна на судискиот комитет.
Нашите скијачи им преостанува квалификациите за слалом каде ќе се обидат да го подобрат учинокот.