fbpx
11.8 C
Skopje

ВМРО-ДПМНЕ со контра одговор до СДСМ: Вие ништо не направивте во здравството!

АКТУЕЛНО

По повод соопштението на СДСМ за тоа што ќе направи, доколку ја состави новата Влада со здравството, се обратија и од ВМРО-ДПМНЕ, каде реагираа исто така со соопштение, објаснувајќи дека СДСМ не направила ништо во минатото.

Во продолжение и целото соопштение:

Не се очекува СДСМ да поздрави нешто што е во прилог на граѓаните, а особено на пациентите кои страдаат од карцином.

СДСМ покажува дека единствено што знае е да води некрофилска политика и да злоупотребува туѓи несреќи и на нив да се обидува да гради некои ситни политички поени. Во времето на СДСМ пациените чекаа по една година за хемотерапија и немаше ниту еден лек на позитивна листа. Крајно лицемерно е СДСМ да зборува за здравството кога ниту една болница не реновираа и ниту еден нов апарат не набавија.

Граѓаните веќе се уверија во лицемерието на СДСМ, па така не ги чуди што СДСМ сега плука по мерка со кој се обезбедува нова терапија на 6 типа на малигни заболувања која ќе може бесплатно да се добива на Клиниката за Радиотерапија и онкологија. Оваа терапија пациентите на кои им е најтешко порано ги чинела и до 8.000 евра, а денес ќе ја добиваат бесплатно и тоа на СДСМ му смета.
Навистина ниско и долно од страна на СДСМ.

Дополнително Македонија е меѓу најдобро рангираните држави во третманот на малигни заболувања, каде времето за добивање на терапија е пократко од 21 ден, а во Македонија е далеку помалку, односно нема листа на чекање за добивање радиотерапија за пациентите со малигни заболувања. Ова е особено важно за овие пациенти на кои и часовите им се битни, а не пак деновите за нивно лекување. Што СДСМ правеше за нив во времето кога тие беа на власт? Ништо.

Да инвестираше барем нешто СДСМ во оваа сфера или во здравството во целина кога можеше, денес со големите инвестиции кои ги превзема Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во здравството, македонското здравство веројатно ќе беше многу понапред. СДСМ за жал ништо не направи, освен ако не се сметаат партиските бизниси на грбот на пациентите и бисерите.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -