Доцна синоќа избувнал пожар во семејна куќа во село Локвица, Македонски Брод, по што едно лице почина, додека два се повредени и надвор од животна опасност.
Починатиот е сопственик на куќата, С.С (78), додека повредени се неговите двајца синови Л.С. (50) и Т.С (48). Двајцата браќа се здобиле со изгореници и се префрлени на нега во болницата во Прилеп, но се надвор од животна опстаност.
Иако реакцијата на Територијалната противпожарна единица Македонски Брод била брза, куќата е целосно опожарена.
Се уште не се познати причините за пожарот. Полицијата во текот на денешниот ден изврши увид, по што ќе се разјаснат неколку работи.