4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Вардар ги задржа Лазовиќ, Кликовац и Хмирова

Женскиот ракометен шампион на Македонија, тимот на ЖРК Вардар денес и официјално ги продолжи договорите со Татјана Хмирова, Андреа Кликовац и Барбара Лазовиќ.

Кликовац, како и Ина Суслина беа првите две интернационалки кои пристигнаа во тимот на Вардар, заедно започнувајќи ги успесите и искачувајќи го тимот на едно од највисоките места во Европа.

Хмирова, која пристигна во Вардар во 2013 година го продолжи договорот на уште дополнителни две сезони, додека Лазовиќ и Кликовац ќе ги гледаме најмалку уште една сезона во Скопје.

Целта на овие девојки, како и на целокупниот тим на женскиот тим на Вардар е конечно освојување на титулата во Лигата на Шампионите, откако во претходните две сезони се задоволуваа само со бронзен медал.

поврзани објави

Последни објави