Актерот Владо Јовановски кој во текот на вчерашниот ден со својот Фејсбук статус предизвика лавина од реакции и коментари на социјалната мрежа Фејсбук, денеска го избриша спорниот статус од својот профил и го замени со нов статус, во кој порачува дека не се крие и дека „уште денес ќе го видат“.
„Сите куртони кои онанираат на своите профили дека Владо Јовановски исчезнал или се сокрил, да ги утешам дека уште денес ќе ме видат, а можеби и утре и задутре.. Многу куртони ве има, не сакам со секого поединечно да се расправам, имам поважни работи во животот. Особено не со еден икористен презерватив, самозамислен глумец и писател. Не е хигиенски“,напиша актерот.
Во претходниот статус, Јовановски рече дека ќе има нова војна, на што жестоко реагираа актерот Сашо Тасевски, музичарот Златко Ориѓански. Во одбрана на актерот Јовановски застана неговиот колега, актерот Тони Михајловски.