13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Продолжува судењето за „Диво Насеље“ – Обвинетите денес ќе проговорат за терористичкиот напад

Продолжува судењето на обвинетите за тероризам во случајот „Диво Насеље“, а денес за прв пат ќе се изјаснат пред судот дали учествувале во терористичкиот напад на 9. и 10. мај 2015 година, кога загинаа 8 полицајци, а 37 нивни колеги беа ранети во вооружената пресметка во кумановско.

„Ниту еден од обвинетите 37 не беше испрашан во обвинителската истрага бидејќи на ниту еден не му се оствари правото за увид во доказите. Потоа ни беше овозможено од страна на судскиот совед увид во доказите, но условите не ни дозволуваат многу увид, бидејќи обвинетите се во затворите во Битола и Прилеп, а со тоа не беа во можност да дадат исказ. Тоа право ќе го искористиме сега во доказната постапка како испитување на обвинет“, изјави адвокатот Насер Рауфи.

Според него во зависност од денешните искази, допрва ќе се повикаат и нови сведоци, поточно лица кои ќе бидат споменати од обвинетите.

поврзани објави

Последни објави