Претседателот на Туркменистан Гурбангули Бердимухамедов, кој го освои третиот мандат со 98% од гласовите, денеска положи заклетва.
На полагањето на заклетвата во раскошната палата во центарот на Ашхабад присуствуваа 2500 луѓе вклучувајќи голем број политичари, владини службеници, странски дипломати, како и осум ривали од изборите.
На изборите во Туркменистан излегле 97% од гласачите.
Бердимухамедов по образование е забар, зад себе има два мандати од по пет години, а сега ќе владее седум години благодарејќи на новиот устав. Тој го наследи истотака авторитетниот претседател Сапамурат Нијазов.
Туркменистан се смета за најмалку демократска држава помеѓу поранешните советски републики.