13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Стигна потврдата: Лазаров потпиша двегодишен договор со Нант!

Она што во изминатиот период засилено се најавуваше, денес доби и потврда. Кире Лазаров, капитенот на македонската ракометна селекција и еден од најдобрите десни бекови на денешницата кариерата ќе ја продолжи во француски Нант.

Договорот на Лазаров со шпанскиот шампион му истекува по крајот на сезоната, па така како слободен играч се реши да потпише двегодишен договор со Нант.

Тоа значи дека Кире по четири мината сезони ќе ја напушти Барселона со која успеја да стигне и до титулата во Лигата на шампионите.

Во својата кариера Лазаров го носеше дресот на: Овче Поле, Борец, Пелистер, Бадел 1862 Загреб, Фотекс Веспрем, Кроација осигурање Загреб, Атлетико Мадрид (Сиудад Реал) и Барселона.

поврзани објави

Последни објави